По неколкумесечни шпекулации, потврдено е дека Џеј Ло и Бен Афлек се пред развод.
Пријателите на двојката открија за „Дејли мејл“ дека парот повторно се обидува да се разведе откако последниот обид за помирување не успеа.
Документите за развод се „финализирани, но сè уште не се доставени“, тврдат повеќе странски медиуми.
Веста доаѓа откако беше откриено дека Бен Афлек купил нов замок вреден 20 милиони долари во средата, на 24 јули, токму на време за 55-тиот роденден на Џенифер Лопез.
Пријателите на латино дивата истакнуваат дека ова ненадејно купување на „ергенското гнездо“ на нејзиниот роденден „и го повреди срцето“.
„Пред еден месец ги завршија документите за развод, но чекаат погоден момент да ги предадат. Потоа ќе објават заедничка изјава во која ќе кажат дека имаат голема љубов еден кон друг и дека се бореле да ја направат работеа, но не успеаја“, рекол извор близок на парот.
„Искрено, на крајот не успеаја да постигнат компромис.
„Она што го имаа претходно го нема и двајцата тоа само што го прифатија“, додаде друг инсајдер.
Парот последен пат беа фотографирани заедно на 30 март, откако летото го поминаа одвоено; Бен престојуваше во Лос Анџелес, а Лопез беше претежно на источниот брег. Тие дури ја поминаа втората годишнина од бракот во различни градови.
фото: printskrin/instagram/YouTube