Радио Милева опасно жешко

Не се знае кој е позгоден: Миа Борисављевиќ или нејзиниот фраер: „Гориш или не постоиш“ (фото)

Не се знае кој е позгоден: Миа Борисављевиќ или нејзиниот фраер: „Гориш или не постоиш“ (фото)

Миа Борисављевиќ и нејзиниот сопруг Бојан Грујиќ заминаа на одмор, а одморот го минуваат крстарејќи со луксузна јахта.

Мајката на две мали девојчиња, кои неодамна наполни 40 години, покажа совршена линија во аутфитот за на  море.

Не помалку згоден е и нејзиниот сопруг Бојан, кој без сомнение редовно вежба и се грижи за својот физички изглед. Брачната двојка позирала за романтична фото-разгледница од морето, а Миа во описот на сликата напишала:

– Не сакам работи кои немаат душа. Или гориш или не постоиш.

Инаку, Миа Борисављевиќ неодамна за Exkluziv откри дека за успешно да се носи со сите животни предизвици, покрај теретана посетува и енергетски сесии.

– На тие сесии можете да направите се, од визуелизација, прочистување, отворање и затворање на чакрите до дотерување на органите на одредени фреквенции и зборување. Може и без зборување, бидејќи тоа е енергетска терапија.

На почетокот на јуни таа го прослави својот јубилеен роденден, но немаше голема забава.

– Се изморив од големите прослави, особено што детските родендени сега почнаа да се слават како свадби и крштевки. За мене е празник кога не славам роденден – искрено признала Миа, на која најважни „гости“ на роденденот и биле ќерките Ема и Теа.

фото:Instagram printscreen/ miaborisavljevic

To top