Пејачката одби да биде гостинка во емисијата на Цеца: Му го кажа ова на Ражнатовиќ
Пејачката Стојанка Новаковиќ Стоја откри дека одбила покана од нејзината колешка Светлана Цеца Ражнатовиќ да биде гостинка во нејзината емисија.

Емисијата на Цеца деновиве беше во центарот на скандал, откако учесничката на „Ѕвездите на Пинк“, Наташа Алимпиќ, беше измамена за 300 евра за да се појави во емисијата.
Токму затоа новинарите се интересираа зошто Стоја ѝ кажа „не“ на фолк пејачката.
– Не сакам телевизиски емисии и не сакам да ме снимаат. Ѝ објаснив на Цеца дека сум се повлекла од медиумите и дека ова е сосема во ред за мене – рече пејачката.

Стоја откри и зошто се повлекла од малите екрани, иако секој викенд настапува низ цела Европа.
– Нема посебна причина, едноставно повеќе ми се допаѓа вака – заклучи таа, пренесува Мондо.
Foto: printscreen/tiktok/hypetvportal.rs/goddess_ceca_raznatovic/ceca.press







