Пејачот Алекса Перовиќ, кој има 29 години, минатата година се разведе од сопругата Милица со која има две ќерки.
Разводот беше финализиран во февруари 2023 година, а многумина ги пофалија Алекса и Милица за достоинствениот начин на кој го завршија бракот.
Алекса објасни дека сакал да ја објави веста пред да оди на „Преживеан“ за да избегне некој да прашува Милица околу разводот.
View this post on Instagram
Тој ја презеде одговорноста за себе, нагласувајќи дека му е важно се’ да биде смирено.
– Разводот беше достоинствен, и мило ми е што луѓето го забележаа тоа. Ние останавме пријатели, основата е пријателството и така ќе остане – рече Алекса.
Тој додаде дека успеал да се разведе во тајност и дека медиумите не знаеле ништо за тоа се до моментот кога тој самиот решил да ја сподели таа информација.
– Не ни сакавме да биде така. Сите го фалат начинот на кој комуницираме денес и начинот на кој го комунициравме. Не сакам да ја градам кариерата на никакви скандали, тоа не го правев порано, кога имав повеќе можност да го сторам тоа – изјави пејачот за српските медиуми.
фото:Instagram printscreen/aleksaperovic