Радио Милева цена

„Не може секој тоа да го плати …“: Андреана Чекиќ проговори за цената на нејзините настапи (фото) 

„Не може секој тоа да го плати …“: Андреана Чекиќ проговори за цената на нејзините настапи (фото) 

 Андреана Чекиќ деновиве напорно работи на црногорското приморје каде настапите и се еден по друг.

Пејачката тера добра летна сезона, а призна и дали ја покачила цената на своите настапи.

– Денеска имав настап преку ден, а сега вечерва имам уште еден. За мене, сезоната штотуку започна. Мислам дека ќе биде добро. Дојдов неколку дена порано, сакав да се одморам – изјавила Андреана.

– Ја чувам истата цена неколку години. Криза е, ја слушам и јас. И мене ми се откажани настапи, да речеме поради лошо време и слично… Кои се причините за кризата, не знам. Дали моите цени треба да скокнат уште повеќе? Па, каде понатаму? (се смее).

 

Златната средина е најдобра и за мене и за сопствениците на клубовите. Можам да чинам 50 и 100 илјади, но тогаш нема да настапувам толку често, бидејќи не секој може да го плати тоа, а не треба. Сакам да бидам достапна на публиката – вели Чекиќ за Блиц.

фото: print Screen/instagram/andreanacekic

To top