Радио Милева Постојано пцуе

„Не го сакаме во филмот“: Бен Афлек речиси изгуби улога од необична причина

„Не го сакаме во филмот“: Бен Афлек речиси изгуби улога од необична причина

Бен Афлек има постигнато голем број значајни улоги и освои два Оскари.

Една од клучните личности за неговиот пробив во светот на филмот беше Кевин Смит, со кого соработуваше во 1995 година на филмот „Mallrats“.

Во оваа тинејџерска комедија, Афлек немаше главна улога – играше спореден антагонист. Сепак, интересно е што дури и доби можност да се појави во филмот, бидејќи еден од продуцентите се обиде да го спречи дури и да дојде на аудицијата.

Како што подоцна се присети Кевин Смит во интервју за списанието „People,“, продуцентот Џејмс Џекс не бил воодушевен кога го видел името на Афлек на листата на кандидати. Причината била доста необична – репутацијата што младиот актер ја стекнал на снимањето на филмот “Dazed and Confused”.

Кога Смит прашал зошто продуцентот не го сакал Афлек во кастингот, добил многу едноставно објаснување.

„Тој користи вулгарен јазик. Постојано пцуе. Го имавме во „Dazed and Confused“. Во тој филм, зборот „f*ck“ беше употребен само неколку пати, но кога се појави Афлек, го зголеми бројот. Го користи тој збор како луд во секоја сцена… Не го сакаме во овој филм. Веќе имате доволно лош јазик во филмот.“

И покрај противењето, Афлек конечно доби шанса за аудиција. Иронично, тоа се случи отприлика во времето кога тој и Мет Дејмон го продадоа сценариото за „Good Will Hunting “ за огромни 800.000 долари.


Можеби продуцентот очекувал младиот актер да се откаже од мала улога во комедија по таков успех, но се случило спротивното. Афлек дошол на аудицијата и, според Смит, ја завршил работата толку добро што продуцентот немал друг избор освен да попушти.

На крајот, оваа одлука се покажала како важна за продолжувањето на нивната соработка. Афлек и Смит подоцна повторно соработувале на филмови како „Chasing Amy“, култниот филм „Dogma“ и комедијата „Jersey Girl“.

Foto: print screen/Instagram/benaffleckkofficial

To top