Радио Милева стресни ситуации

„Не е сè како што изгледа!“ –  Маја Николиќ отворено за разводот: „Тоа е мала траума, често плачам!“ (фото)

„Не е сè како што изгледа!“ –  Маја Николиќ отворено за разводот: „Тоа е мала траума, често плачам!“ (фото)

Пејачката Маја Николиќ откри дека е многу емотивна, а разводот и бил исклучително тежок.

Маја има кариера долга три децении и важи за многу отворена личност. Публиката имаше можност да ја погледне и во реалното шоу  „Фарма“ во коe се покажа како исклучително „силен“ играч и некој кој одлично се справува во стресни ситуации.

Сепак, не е сè како што изгледа. Николиќ призна дека, како што вели, е пречувствителна, и дека поради оваа особина разводот и бил многу тежок.

– Единствено што јавноста не знае за мене е дека сум пречувствителнa, многу сум емотивнa. Често плачам, затоа што не сакам неправда. Разводите се секогаш многу тешки, имам два сина, самохрана мајка сум. Сето тоа се мали трауми, разводи, преселување, смрт на блиски. Мојот дел од животот и работата се медиумите, едноставно кога сум на улица и пред камери морам да бидам весела – изјави Маја за Гранд.

Маја не крие дека најтешкиот период по разводот и бил кога со децата од Америка се вратила во Србија, каде трoјцата сами си го продолжиле животот.

– За мене бешеголем предизвик, десет години живеев во Америка. Во тоа време Новак и Лазар ми беа мали. Лазар е роден три години откако се оженив со татко му, мајка ми во тоа време живееше со нас во Сан Диего. Новак таму заврши прво одделение и чувствував дека морам да бидам со нив првите седум-осум години. Кога се разведов, пак дојдов овде. Секој од нас се жени за да трае цел живот, но кога не ни оди треба да останеме пријатели, најважно е децата да не страдаат – заклучи таа.

фото: printskrin/instagram/majanikolic

To top