Радио Милева повторно слободен

„Не беше судено“: Бојан Маровиќ ја прекина долгогодишната врска (фото)

„Не беше судено“: Бојан Маровиќ ја прекина долгогодишната врска (фото)

Пејачот Бојан Маровиќ (39)  неодамна ја раскина долгогодишната врска со девојката со која планираше брак и деца, а дека раскинувањето не беше лесно сведочи и тоа што ги избриша сите заеднички фотографии со неа од социјалните мрежи.

Во интервју за тамошните медиуми, еден од најпосакуваните ергени откри дека сѐ уште верува во љубов и дека фантазира за семејството кое самиот го имал.

Иако ја прекина врската, пејачот сепак верува дека ќе запознае жена со која ќе се ожени и ќе има деца.

„Мајка ми мисли дека никогаш нема да се оженам“, рекол Бојан Маровиќ.

„Сè се смени, сега повторно сум слободен… Едноставно не се случи, не ми беше судено да се оженам. Јас не сум некој што сака да прави драма од тоа, животот продолжува! Како и да е, јас сè уште верувам во љубов, бидејќи кој ќе престане да верува во љубов и ќе се откаже од неа, се откажал од себе. Вистината ќе дојде кога ќе дојде вистинското време“, додал пејачот.

Бојан открил и дека неколку пати посетувал дом за незгрижени деца, а размислувал и за посвојување.

Пејачот  не крие дека би сакал да стане татко, но не по секоја цена. Како што вели, на децата им требаат двајцата родители, а не само еден, и дека посакува партнер со кој ќе го постигне сето тоа.

фото: printscreen/instgaram

To top