Измина една година од најголемата катастрофа што и се случила на независна Македонија. И не само естрадна, туку воопшто!
Кочани е вечен непребол, трагедија која довека ќе не потсетува дека алчноста на поединци и грешките на системот ги плаќаме со најскапото – животот на најмилите! Во случајов што е уште потрагично, животите на млади деца, на една цела генерација која несреќно замина, а со неа и дел од најѕвездените имиња на естрадата – дуото ДНК и речиси целата нивна придружна група.

Болката никако не стивнува, правдата споро доаѓа, за загубата нема утеха… И колективна и поединечна. Остануваат само спомените и сеќавањата, незаборавот и емоциите кои се испреплетуваат со тагата, љубовта измешана со болката, солзите со сликите од минатото… Кое за жал, не може да се врати!
Боли секој ден, но денес 16. Март боли уште посилно!
Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на трагично починатиот пејач на ДНК, Андреј, денес на поменот за годишнината од трагедијата и неговата смрт беше куса, објави само два збора, но такви кои болат на најсилно.
„Најдолгата година… со три точки кои за Наталија остануваат за жал како такви на кои нема измена за тоа дека саканиот, поддршката, нејзиниот Андреја го нема.

За потсетување, македонскиот културен центар „Македонско сонце“ од Диселдорф на ДНК односно на Андреј Георгиевски неодамна му дододели постхумна благодарница за посебни заслуги за зачувување и негување на македонската култура и меѓусебно помагање на Македонците.
Вечна му слава!
фото:Instagram printscreen/natalija.gjorgjieska





