Промотер

Наталија Данаилова пее за „Милост“ (видео)

Наталија Данаилова пее за „Милост“ (видео)

Пејачката Наталија Данаилова, која е добро позната на македонската јавност по учеството во повеќе талент шоуа, ја објави својата нова песна „Милост“, што нуди сосема нов звук од она по што сме слушнале од неа досега.

„Музиката е инспирација, музиката е животна приказна, музиката е многу чувства пренесени во ноти… Стиховите на мојата нова песна „Милост“ се наменети за да допрат до сите, бидејќи сакаме луѓето да почувствуваат емоција и искрено се надевам дека сите слушатели ќе уживаат во неа“, рече Данаилова за својата нова песна.

Таа наведе дека стилот на песната е нов и необичен, а звукот е создаден за долго да остане во меморијата на слушателите.

Данаилова зад себе има еден албум „Се за тебе“, а песната „Милост“ ќе биде дел од новиот албум што ќе биде завршен оваа пролет. Музиката и текстот се на Весна Малинова, аранжманот на Илија Ќосевски. Видеото го снимаше Pinestel.

Пејачката досега има земено учество на повеќе македонски фестивали, меѓу кои и „Макфест“ и „Македонски трубадури“.

To top