Радио Милева само напред

Нашата победничка од „Ѕвездите на Гранд“ се огласи од болница во издание од кое најпосле реши да се покаже (фото)

Нашата победничка од „Ѕвездите на Гранд“ се огласи од болница во издание од кое најпосле реши да се покаже (фото)

Македонија беше горда и радосна кога во минатата сезона на популарното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ однесе уште една победа после онаа на охриѓанецот Ристе Ристески.

Заслужна за ова беше талентираната струмичанка Славица Ангелова која со својот ненаметлив дух и карактер, успеа да го достигне врвот и да стане победничка, најдобра од сите учесници од целиот регион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavica Angelova (@slavica.angelova)

Токму нејзината различност, во време кога провокацијата и сексапилот продаваат, полнат очи, па ако се има талент и уши за пакетот да биде комплетен, Славица и нејзината победа беа преседан, секако ако се исклучи импресивниот талент кој е неспорен.

Сензибилитетот остана ист, а Славица „тивката победничка“ на која и денес и е необично што е малку застапена во медиумите, иако како што вели во едно интервју, секогаше е отворена за разговор и соработка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavica Angelova (@slavica.angelova)

Познато е дека покрај музиката, нејзин приоритет се и студиите по медицина, навидум неспоиви две гранки за кои се бара максимална посветелност, но на Славица и успеава.

Таа деновиве ја објави својата втора песна преку Гранд продукција, „Стакла“, овој пат на македонски јазик и дуетска со Панче Касапски кој се потпишува и како автор на музика и аранжман.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Slavica Angelova (@slavica.angelova)

Славица деновиве е окупирана со промоција на својот музички новитет, но има и доста за учење. Па така тргна во акција и пракса и во болница, од каде за првпат во бел мантил ја видовме идната докторка, која сигурно ќе биде најпозната и најраспеана каде и да се вработи понатаму.

Музика и медицина, толку различни, а таа предана на двете најдобро што знае и умее, а различните и храбрите секогаш ги следи успехот, токму онака како што дојде и победата од големата Гранд сцена.

фото:Instagram printscreen/ slavica.angelova

To top