Климите работат со полн капацитет овој период, климатизацијата е спас за многумина кога е жешко надвор. Сепак, секогаш треба да имате предвид дека преминот од климатизиран простор на високи надворешни температури може да биде вистински шок за телото.
Експертите советуваат пред да излеземе од простор оладен со климатизација, да направиме кратка „пауза за аклиматизација“ – со зголемување на температурата на климата за неколку степени или целосно исклучување најмалку пет до десет минути пред излегување. Секако, ова првенствено се однесува на клима уредите што ги имаме дома.
Зошто е ова важно?
Телото не може веднаш да се прилагоди на големи температурни разлики. Ако одеднаш оставиме простор оладен на 23 °C до 35+ °C, се јавува топлински стрес – што може да предизвика главоболки, вртоглавица, потење, а кај почувствителните, проблеми со циркулацијата.
Златното правило вели дека разликата помеѓу внатрешната и надворешната температура не треба да биде поголема од 7 до 8 степени. Значи, ако надвор е 35 °C, најдобро е клима уредот да се постави на околу 27–28 °C. На овој начин, телото ќе има време постепено да се адаптира и да избегне ненадеен температурен шок.
Оваа едноставна навика – зголемување на температурата на клима уредот пред да излезете од дома – може значително да придонесе за подобро чувство, особено во деновите кога разликата помеѓу климатизираните простори и топлите улици е драстична. Вашето тело ќе ви биде благодарно за тоа.
фото: Freepik
Извор: Попара