Радио Милева неканет гостин... за супа

Најпознатиот македонски инстаграмџија од зад воланот на камионџиската кабина додека ги хранеше врапчињата доби необична желба: „Еден ден ко’ ќе ги фатам, супа ќе ги направам…“ (ВИДЕО)

Најпознатиот македонски инстаграмџија од зад воланот на камионџиската кабина додека ги хранеше врапчињата доби необична желба: „Еден ден ко’ ќе ги фатам, супа ќе ги направам…“ (ВИДЕО)

Дарко Јефремов, попознат како Дарко Влогс – македонскиот камионџија со американска „драјв лиценца“ и наш пасош, кој од нигде никаде преку ноќ изникна во македонската јавност и преку социјалните мрежи стана популарна фаца  прераснувајќи во еден од најпознатите инстаграмџии откако го снема од интернет просторот , пред Нова Година се врати на социјалните мрежи.

Инстаграмот на Влогсот одново му е полн со објави, иако тој веќе не е оној истиот, но само физички. Зашто сега камионџијата изгледа како друг човек, откако „се стопи“ или поточно „го стопи“ вишокот на себе, па со помош на теретаната сега изгледа како менекенче со понекое мускулче.

Сега кога не е режим, Влогсот може да и дозволи понекогаш и добро „да се омрси“, ама со усул…

Верифициран Инстаграмџија ама и потврден и пасиониран љубител на  животните. И на домашните и на оние во природата!

И кога е камемн ладно и кога е изгор жешко, на Влогсот  ич не му е тешко да им стави водичка или малку храна дури и на пиленцета во неговото дворче или градина.

Масата од летната гарнитура му се виде како соодветна структура на која може да им нарони парче лепче, ситно изронето во трошки за неговите мали пријателчиња, слатките врапчиња и останатите пиленца кои слетуваат во градината.

Така е постојано, така беше и тоа утро кога најпознатиот македонски инстаграмџија и инфлуенсер од зад воланот на камионџиската кабина, само што ја поттргна завесата за да види дали дошле пиленцата да чепнат од храната,  здогледа нешто плус, неканет гостин што  многу го изнервира, па така и изреагира. Нервозно, ама за многмина и „монструозно“…

Иако, секако дека она што го кажал, напишал и споделил, сигурно нема да го реализира, зашто колку и да му идат на живци, Дарко Влогс со гаранција не е љубител на… супа од верверици!

Фото и видео: Инстаграм/darkovlogs

To top