Радио Милева љубов голема

Најпосле заедно: Мики Секуловски стопен во прегратка која вреди повеќе од се’ (фото)

Најпосле заедно: Мики Секуловски стопен во прегратка која вреди повеќе од се’ (фото)

Актуелноста на домашен терен за финалистот од последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски нималку не стивнува.

Мики редовно е баран и ангажиран за настапи во клубови и приватни забави низ земјава, но сега иагледа дека популарниот венешанец реши да си даде пауза и да се посвети на семејството.

Имено, Мики пред околу осум месеци стана чичко, односно доби прво внуче од неговиот брат Влатко кој живее во Белгија.

По толку поминато време и многу обврски со вицешампионската позиција на Гранд, Мики најпосле е заедно со внукот.

Стопени и сплотени, бебе и чичо се предадоа на игра и гушкање, а секако ова вредеше за фотографија за спомен, па и објава на социјалните мрежи.

Мики најчесто е резервиран за објави поврзани со приватноста, но овој пат со гордост и го претстави внукот на јавноста.

За потсетување, Мики пред пријавувањето во „Ѕвездите на Гранд“ заедно со семејството живееше и работеше во Белгија каде и останаа неговите, а тој реши да се врати и да ја воскресне својата музичка кариера, а тоа му успеа можеби и повеќе од очекуваното.

фото:Facebook/ Miki Sekulovski/ Vlatko Sekulovski

 

To top