Настапи, спотови, гостувања во ТВ емисии… секојдневие на една активна муизичка ѕвезда која перманентно и професионално ја води својата кариера, а истото под број еден подразбира доста храброст и посветеност, особено за жена.
Ова е секојдневие за нашата млада популарна пејачка Антониа Гиговска која периодов доминира со своите носи синглови, а постојано изненадува и со својот изглед од кој не се плаши да експериментира.
Напротив, Антониа оди од крајност до крајност, од русокоса со куса машка фризура, до екстремно долга, па дури и црна.
Во најновата песна „Аман“ е долгокоса русокоса, а од најновото „стори“ пред следбенициоте се покажа и со куса црна коса, секако перика, но и овој пат беше ултра храбар избор за визуелен експеримент.
Токму за ова Антониа вели вака:
-Кога си артист, мора да излегуваш од својата комфор зона, а јас го правам тоа секојдневно затоа што секогаш сакам да сум различна и сметам дека треба да сум различна, што со песна, што со изглед, спот и сл. Се надевам дека ја препознавате уметноста, а и ништо против оние кои што не успеаја да ја препознаат, пишува таа.
Сепак, ние би додале дека и не мора, а и не секогаш може да им се допаѓаме на сите, бидејќи и препознавањето на уметност е индивидуална работа, а пак за вкусовите не се дискутира нели?!
Која Антониа Ви се допаѓа?
фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa