Пејачката Нада Топчагиќ важи за една од оние кои немаат влакна на јазикот, а нејзините изјави секогаш со задоволство се прераскажуваат. Сега таа гостуваше во една емисија и кажа нешто што ги насмеа сите во студиото.
Имено, како што откри пејачката, таа покрај бакшишот зема се што ќе ѝ дојде при рака.
„Дали е вистина дека покрај бакшишот зедовте и два послужавници на настапот? – беше прашањето што и го постави едно момче од публиката. На прашањето на младичот пејачката одговорила како од пушка.
„Собирам се’ што ќе ми дојде при рака, што ви е луѓе? Земам се’ што ќе ми се допадне, на пример пепелници, убави крпи, ако се нови. Сите го прават тоа, а само јас сум искрена“ – изјавила Нада, пренесува „Блиц“.
Фото: Инстаграм/topcagicnada