Радио Милева Селфи во скутот

На ваква дама не и прија да е сама: Дали Кристина Димитри има нов(а) љубов(ник)?

На ваква дама не и прија да е сама:  Дали Кристина Димитри има нов(а) љубов(ник)?

Ако старата поговорка вели дека: „По денот утрото се познава“, онаа новокомпонираната кажува дека по фотографијата се познава ситуацијата. Особено кај оние кои секојдневно споделуваат на социјалните мрежи многу нешта од личниот живот, а најмногу каде и со кого биле, што правеле, што пиеле што јаделе и сето останато што им се случува во текот на денот и ноќта… Или барем, многу тоа!

Така, откако јавно расчисти со последната љубов, атрактивната тетовка Кристина Димитри со месеци беше соло. Веројатно не и сама, ама барем јавно ништо не покажуваше, не споделуваше, не се пофали со нови љубовни авантури… Арно ама, на ваква дама очигледно не и прија да е сама, па една нејзина понова споделена фотографија замени илјада зборови, за тоа каде е и што прави Кристина Димитри… На љубовен план, се разбира!

Кога јавно ќе решиш да покажеш дека со некого во ист ритам срцето ти пулсира, тоа веќе наликува на сериозна работа, кога е во прашање љубовта… Или барем страста! Летото е примамливо и заводливо, па хормоните побргу зовриваат, будејќи ја желбата која ја поттикнува волшебната игра на сетилата. Можеби затоа и Кристина не одолеала на овој предизвик, па откако хормоните и предизвикале бура, се впуштила во нова љубовна авантура.

Хотелска соба или стан, некаде специјално,  две чаши и шише скапо шампањско, лименка енергетски пијалак, лименка Кока кола и журката за двајца може да почне. Со селфи во скутот, овековечено во огледало!

И како што и досега практикуваше, Кристина лицето на новиот љубовник го сокрила! За јавноста останува мистерија идентитетот, за неа најважен е интензитетот… На љубовната игра и нејзините задоволства, се рабира, зашто како што вели една стара урбана поговрка: „Каков потисок – таков впечаток“! Или како што кумановки ја преведуваат: „Какво радовање – такво сеќавање“!

Па, по аналогија на нештата, штом средбата е јавно овековечена со фотографија за сеќавање, мора да имало и впечатливо радување!

Е сега, колку и дали радоста ќе потрае, односно дали сексапилната пејачка ќе се задржи во оваа љубовна врска подолго отколку вообичаено или се’ ќе заврши само на уште една мала летна авантура, е комплексно прашање, чиј одговор времето ќе го покаже!

Што и да е во прашање, дали серизона врска или само уште една од нејзините попатни станици, е сепак доволно провокативно за љубопитство и на јавноста и на нејзините следбеници, а и доволно добро за полнење на естрадните насловни страници!

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry/kristinina_princeza/loveguru_mk

 

 

To top