Семејството на Тања Савиќ наводно имало жестока расправија, а како што тврдат некои медиуми, таа не разговарала со својата сестра Билјана неколку месеци.
Пред да го запознае Мухамед Бешиќ Муки, Тања живеела со својата сестра, со која била неразделна. Пејачката јавно многупати нагласи дека поддршката од нејзината сестра многу ѝ значи и дека благодарение на неа ги преживеала најтешките удари во животот.
Сепак, веќе некое време, сестрите наводно немаат никаква комуникација, па дури и се отследиле од социјалните мрежи.

– Тања и Биља не зборуваат веќе неколку месеци. Тие дури и се отследија од социјалните мрежи, иако не ги избришаа заедничките фотографии на нив. Биља не дојде ниту на нејзиниот роденден, ниту на нејзиниот концерт. Сите знаат колку биле блиски, а семејството е скршено што двете не зборуваат меѓусебно. Тања страда, но нема да попушти. Иако не разговараат, нема да откријат зошто – тврди извор близок до Тања Савиќ и додава:
– Двете беа заедно нон-стоп. Биља ја следеше насекаде, на концерти, гостувања, па дури и одеше на патувања заедно со неа, Муки и децата. Сестрата на Тања беше нејзина десна рака. Доказ за тоа колку биле неразделни се и сликите на социјалните мрежи, кои сè уште не ги отстраниле – тврди изворот за „Информер.рс“.

Тања и Билјана Савиќ пораснале заедно во Смедерево, и како што пејачката многу пати раскажала, имале среќно детство и прекрасна врска. Таа долго време беше исклучително блиска со својата сестра Билјана, но нејзиниот брак со Душан го промени тоа.
Според Тања, нејзиниот сопруг Душан вршел притисок врз неа да се дистанцира од сестра си, пишуваа српските медиуми.
фото:Instagram printscreen/ tanja_savic_private





