Популарниот пејач Жељко Самарџиќ синоќа се појави на прославата на 30-тиот роденден на Радио С, каде претставниците на седмата сила имаа можност да разговараат со него.
Жељко откри дека целосно му се посветил на семејниот живот, но и дека по петти пат ќе стане дедо.
– Целото слободно време го поминувам со семејството. Сега најмладата внука е најинтересна… – почнал Жељко, па продолжил:
– Ќерка ми Миња, која често е на моите концерти како придружен вокал, ми вети дека на претстојните концерти ќе пее со големо стомаче, ако може. Треба да се породи некаде во февруари, на свет доаѓа уште една внука. Таа носи ќерка, јас ќе бидам дедо по петти пат! На моја радост – истакна Жељко Самарџиќ со широка насмевка на лицето.
фото: Printscreen/YouTube/Instgaram