Радио Милева развод и долгови

На Сека Алексиќ ова не и е прв брак: Еве кој бил првиот сопруг на пејачката

На Сека Алексиќ ова не и е прв брак: Еве кој бил првиот сопруг на пејачката

Пејачката Сека Алексиќ е во брак со Вељко Пиљкичиќ веќе 14 години, а само година дена претходно се запознале во 2009 година сосема спонтано, а потоа изградиле куќа од соништата во Стара Пазова.

Најголемата желба да станат родители им се исполнила во 2016 година кога пејачката го родила Јаков, а во 2020 година повторно таа се остварила како мајка откако на свет го донела Јован.

Инаку многу малку е познато во јавноста дека Сека била венчана за Душан Василиќ од кого се развела една година подоцна.

Српските медиуми пишуваат дека по разводот пејачката му должела 40 илјади евра кој тој ги вложил во нејзината кариера.

Тој во тоа време и се заканувал да му ги врати парите вложени во нејзиниот албум, а тој тогаш тврдел и дека имаат потпишано договор.

-Сакав да ја направам позната, а не кафанска пејачка, изјавил тогаш тој.

Тој тогаш открил и дека поради тоа се случиле првите расправии, кои потоа довеле до развод точно кога излегло нејзиното ЦД.

-Се договоривме таа да продолжи без мене, но да ми исплати само 23.000 евра, изјавил своевремено поранешниот сопруг на Сека.

Инаку тој во минатото издржувал и затворска казна поради наркотици, а неодамна започнаа да кружат информации дека пејачката се разведува и од вториот сопруг Вељко.

Причината била откако тој и направил дете на нивната дадилка, но пејачката во една прилика порача дека семејството за неа било светост и дека треба да се срами секој кој и го спомнува бракот или сопругот во тој контекст.

-Нека се плашат од Бог тие што измислуваат вакви работи, изјави таа.

Фото: Инстаграм/seka_aleksic

To top