Една од највлијателните македонски инфлуенсерки Миа Костова и нејзината најверна пријателка Тијана Скулиќ се неразделни. Иако речиси постојано се заедно и кога се дома и кога се надвор од Македонија, сепак евидентно е дека обете се многу различни. И физички и карактерно, а и во имиџот и облекувањето.

Така, додека Миа неретко знае да биде елегантна, Тијана најчесто е кежуал облечена. Спортска гардероба, најчесто панталони, блуза или маичка, патики, дуксер, понекое спортско капче или тренерка… се’ на се’, многу поразлечна од нејзината пријателка, русокосата инфлуенсерка.

И додека некои цело време мислат дека Тијана така се носи зашто всушност нешто сака да сокрие под гардеробата која речиси никогаш ништо не открива, последниот одмор на егзотична дестинација беше згодна прилика Тијана скептиците комплетно да ги демантира. Или ако повеќе сакате – шокира со својата телесна градба, од мајката природа подарена!

Имено, додека онака опуштени на прекрасните песочни плажи покрај бескрајното океанско синило, Миа и Тијана уживаа во својот одмор на бајковитите Малдиви, црнката покажа, дека е една од оние, по чие тело би се вртела цела плажа.

Можеби во изборот од гардеробата што најчесто ја носи тоа не се забележува, ама затоа Тијана расоблечена во бикини и тоа како покажа солидни облини. И не само тоа, туку она што е видливо повеќе од јасно говори, дека Бог и дал тело за медал!

Онака распослана додека лежи на работ од базенот, мами глетка што на многумина би им го разубавела денот.
Возбудата пак, станува уште поголема кога најверната пријателка на Миа, со својата извајана фигура и тело налик на змија, онака целата влажна чекор по чекор во слоу моушн кадар излегува од базенот.
View this post on Instagram
Сепак, моментот кога ќе ве полазат морници и сите влакненца ќе ви се наежат е оној, кога ќе го видите сиот телесен раскош на Тијана, онака опуштенаа и распослана на белиот песок.

Рамна снага и вито тело тетовирано со најразлични тетоважи од кои секоја има свое значење, ама кому му е до нивно тумачење кога глетката е толку неодоливо примамлива.

Како и не би кога најверната пријателка на Миа Костова покажа каков телесен раскош крие под својата кежуал облека. Исто како и трагите во песокот, Тијана е онаа чие присуство остава впечаток!
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/tijanaskulicc







