Радио Милева атрактивен изглед

На мотор во костим за капење: Се појави фотографија од Нивес Целзиус кога имала само 17 години

На мотор во костим за капење: Се појави фотографија од Нивес Целзиус кога имала само 17 години

Хрватската секс бомба и пејачка Нивес Целзиус (43) е активна на социјалните мрежи, каде што редовно им го покажува на своите следбеници својот секојдневен живот. Без разлика дали е дотерана или не, многумина ја фалат Нивес за нејзиниот атрактивен изглед во различни изданија, како ова на пример, додека како секси бабамразица, во еротска долна облчека ја китеше новогодишната елка.

 

Сепак, фотографија од неа од 1998 година, кога пејачката имала само 17 години, сега кружи на интернет. Нивес тогаш беше прогласена за Мис Автоклуб, а нејзината фотографија ја сподели фоторепортерот Жељко Пуховски на Фејсбук.


Потоа Целзиус се појави на насловната страница на едно списание, каде што е прикажана како седи на мотор во костим за капење. Нејзиниот имиџ многу се промени од тогаш. Тогаш имала кратка црна коса, додека денес преферира кафеави нијанси и подолга коса.

За потсетување, Нивес ја интригира јавноста и со својот љубовен живот. Во 2014 година, таа се разведе од поранешниот фудбалер Дино Дрпиќ, со кого има две деца, синот Леоне и ќерката Таиша. Иако го завршија својот брак пред повеќе од десет години, Дино и Нивес останаа во пријателски односи.

Foto: print screen/Instagram

To top