Радио Милева опасно секси

На Милица Дабовиќ и монтираа нова предница: Деколтето на „Онли фанс“ ѕвездата сега прелева

На Милица Дабовиќ и монтираа нова предница: Деколтето на „Онли фанс“ ѕвездата сега прелева

Поранешната кошаркарка Милица Дабовиќ ги изненади своите следбеници на социјалните мрежи, кога објави фотографија на која нејзиното деколте е во преден план.

Милица покажа нов изглед, односно вгради силикон во градите, а сè документираше со фотографија во тесна маица со [длабоко деколте.

Таа носеше и кожни шорцеви, но целото внимание во оваа објава беше насочено кон естетската интервенција.

Оваа промена веднаш ја забележаа нејзините следбеници, па коментарите почнаа да се редат.

„Што ти се случи?“, „Го наполни деколтето“, „Силиконите стигнаа“, се само дел од пораките под оваа објава.

Да ве потсетиме дека Милица Дабовиќ наводно продава интимни фотографии на платформа за возрасни и не крие дека заработува добри пари од тоа.

– Горда сум на моето тело, цел живот тренирам, тоа е мој проект. Ми се допаѓа како изгледам на 42 години, зошто да не им го покажам на другите?! Нема да позирам облечена од глава до пети. Ќе покажувам делови од телото во зависност од тоа колку луѓето плаќаат. Толку многу пари, толку многу музика!

Таа додаде и дека не разбира зошто луѓето сè уште толку ја осудуваат поради нејзината моментална професија.

– Не ги разбирам луѓето што се мешаат во животите на другите луѓе. Мојата професија не се разликува од ничија друга, тоа е чесна работа, никој ништо не ми дал на подарок. Таа страница е табу тема само во Србија, насекаде во светот, девојките со завршено образование избираат да ги продаваат своите интимни делови. Луѓето очекуваа да се продадам за малку пари. Мислеа дека сум како Ангела Вештерката, која „знае знаење“. Можев да ги заработам и тие пари, но немаше да можам мирно да спијам и да се гледам во огледало – рекла тогаш, како што објави Блиц.рс

фото:Instagram printscreen/stefanovamama13

To top