Радио Милева (со) песна против малери...

На Марија Спасовска се’ и оди од рака и навидум остварува се’ што ќе посака: Арно ама, кога денот ќе ти тргне наопаку и уште во старт нешто ќе се скрши… кој знае како ќе заврши!? (ВИДЕО)

На Марија Спасовска се’ и оди од рака и навидум остварува се’ што ќе посака: Арно ама, кога денот ќе ти тргне наопаку и уште во старт нешто ќе се скрши… кој знае како ќе заврши!? (ВИДЕО)

Младата македонска пејачка Марија Спасовска се’ повеќе напредува како музичко име на естрадата. Убава, згодна, шармантна, интелигентна и секако креативна, младата убавица не само што се наметнува како изведувач, туку се повеќе и како автор и на музика и на стихови. Досега само за себе, а отсега полека и за други, помалку или повеќе познати македонски изведувачи.

Во исто време средното образование го заврши со одличен успех, се запиша да студира на еден познат универзитет во Солун, а и во приватниот живот и љубовта розите и се расцутени.

Со еден збор, вака отстрана гледано, на Марија Спасовска се’ и оди од рака и навидум остварува се’ што ќе посака!

Арно ама, „Не е секој ден Велигден“ – што би рекла една наша стара поговорка, па ни овој за Марија, иако не и беше ниту катастрофа… А имаше индиции да биде таков…. Зашто кога денот ќе ти тргне наопаку и уште во старт нешто ќе се скрши… си велиш, кој знае како ли ќе заврши!?

Се почна рано изутрина кога пејачката си ја облече омилената гардероба, па така променета во бело застана пред огледало да се дотерува и шминка, кога оп, нешто и капна… И ете ти на белата брендирана маичка дамка!

„Не ми е прв пат“, си помисли Марија, па ја промени гардеробата во „повесела боја“. Ајде,  тој ден нека биде розова!

Арно ама, денот „розово“ не и започна, а ниту „розово“ и продолжи… Зашто само што се фати повторно за шминките, сетот и се испушти и се’  и падна од рака на земја…

„ОК, денес не ми е денот“ – гласно си размислуваше младата пејачка, која откако некако успеа да се стокми, со убава мисла одново тргна да го започне денот и побрза да замине таму каде што и беше закажано и договорено – на снимање нова песна во студио!

Иако не откри за која и каква песна се работи, нам „врапчето ни шепна“ дека во прашање е песна со која Марија Спасовска ќе настапи на претстојниот фестивал на забавни мелодии „Макфест 2024“ во Штип.

И таман помисли дека завршила со сите малери, кога на излегување со автомобилот од подземната гаража се сретна со истиот автомобил со кој се најдоа „браник во браник“ и претходниот ден. Излезот тесен, нема несто за две коли, па еден мораше да попушти и да се врати назад. Вчера Марија, денес другиот автомобил кој исто така го вози  девојка, па пејачката мудро заклучи дека: „Девојките се разбираат и  меѓу себе си помагаат“!

Набргу Марија стигна на договорената дестинација, в0 музичкото студио каде доснимуваше, преснимуваше, одново го пееше рефренот или што ли друго… Иако поспана, овој пат од себе беше многу позадоволна како тоа го испеала. Можеби тоа е рецептот за подобра изведба: „Наместо доцна навечер во ниедно време, да станеш рано наутро и право во студио?!“  Можеби ти се спие и главата ти бучи, ама затоа песната на крај, многу подобро звучи!

А Марија, едвај чека да ја слушне финалната верзија, за што и самата призна дека е  исклучително возбудена! А како и не би била, кога ова и даде крилја…

Зашто, како и тргна денот, се’ да и паѓа од раце и да се крши, повеќе од јасно е дека се’ е добро кога добро ќе се заврши! Патем, пејачката загатна и една нова работа, која треба да се провери: „Дали можеби со песна се разбиваат сите малери?“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marija Spasovska (@marija.spasovska)

Фото и видео: Инстаграм/marija.spasovska

To top