Промотер

На Јане Славов колегата му напиша песна која му предизвикува – „Инсомнија“ (ВИДЕО)

На Јане Славов колегата му напиша песна која му предизвикува – „Инсомнија“ (ВИДЕО)

Македонскиот пејач Јане Славов ја промовира својата нова песна насловена како „Инсомнија“. Песната е авторско дело на неговиот колега и поткаст водител Виктор Апостоловски, кој стои зад комплетната музичка, текстуална и визуелна реализација на проектот.


Станува збор за современа поп композиција со модерен аранжман и впечатлива вокална интерпретација, преку која Славов продолжува да го гради својот солистички правец на македонската музичка сцена.


Спотот за песната е снимен на неколку локации низ Македонија, а најмногу од кадрите се изработени во Битола.

Песната е веќе достапна на сите дигитални платформи, а официјалното видео може да се погледне на YouTube во продолжение.

To top