Оние што го познаваат, добро знаат дека Спасе Рола не оди никаде ако не е „скоцкан до бола“! Измиен, исчешлан, налицкан, дотеран, намирисан… стокмен во пакет! Поинаков не оди ама баш никаде, па дури ни во маркет!
Ако некој случајно не го забележал тоа, тука е стариот временски презентер и новпечен јутјубер на тоа да ги потсети, односно самиот да се пофали. Оти што би рекле по скопски, ако сам не си се пофалиш, никој нема да те пофали… А можеби, ниту забележи!
Затоа Спасе без многу да калкулира реши сам да си се изрекламира. Еден пост на својот Фејсбук доволен за да биде задоволен. И тој и неговите следбеници на социјалните мрежи. Впрочем од фотографијата се гледа дека напишаното е во симбизоза со приложеното… Тоатално соодветствува со фотографијата, освен што парфемот преку Фејсбук не може да се почувствува!
Арно ама, на бремената соседка тоа што Спасе Рола никаде не излегува ако не е дотеран и намирисан, очигледно и пречи, па решила да најде начин да го спречи.
Така, тоа утро во лифтот осамна јасна порака испишана на голем лист хартија, залепен покрај копчињата:
„Се моли соседот! Да ‘намали’ со дозираноста на парфем! Лифтот знае да мирис и по неколку часа! Има бремени жени кои се ваши соседи! Благодарам на разбирањето! – напишала „загрозената“ трудница на која мирисот и пречи, а парфимирањето на Спасе Рола ја иритира „до бола“!
Откако ТВ презентерот на временската на Сител како вистински џентлмен имаше разбирање каков проблем предизвикува миксот на ароми кај трудната комшика и самиот решил јавно да се извини… И тоа длабоко! И секако, не му остана ништо друго освен да ја одгатне дилемата како сега од зградата во која живее да излегува?
Парфимиран по скали или „смрден“ во лифт?
Фото: Фејсбук и Инстаграм/rolladobolla