Поранешниот натпреварувач во регионалното талент шоу, „Ѕвездите на Гранд“, Македонецот Александар Јосифовски привлече големо внимание за време на музичкиот натпревар, а малкумина ја знаат неговата животна приказна.
Имено, Александар почнал да консумира алкохол во тинејџерските денови, а на крајот морал да побара и стручна помош за да се излечи од алкохолизмот во кој западнал.
Пејачот во својата исповед еднаш откри детали од својот живот.
„Кога бев тинејџер и кога основавме бенд, почнавме да пиеме. Дојдов на натпревар каде треба да си подготвен, а алкохолот ти дава илузија, тоа го знаеме сите, но кога ќе стане секојдневие, тогаш секој ден си во илузија. Цела година пиев секојдневно. За време на натпреварот многу се подобрив како поединец, научив дека колку си посвеж, толку си подобар, тоа го бара оваа работа и беше одлична приказна да се ослободам од алкохолот“ – раскажа пејачот.
Порокот се одразил и на неговиот љубовен живот.
„Во брак сум седум години, кога пијам секогаш сум среќен, па жена ми се загрижи што почнав да пијам секој ден. Не го намалував и тоа почна да ја загрижува. Никогаш не беше хистерична, но имаше денови кога беше тажна затоа што знаеше дека носам нешто во мене што не е реално. Алкохолот е достапен скому, насекаде низ светот, тоа е нешто што ме стимулираше во тој момент. Не знаев како да престанам. Има два типа на луѓе, оние кои знаат да пијат и оние кои не знаат да пијат. Јас бев од оние вторите – не знаев да пијам“ – ќе рече тој за српските медиуми.
„Сопругата Теодора ми рече дека во почетокот можеби не, но подоцна ќе почне да ми пречи алкохолот и на крајот навистина излезе така. Секогаш бев во минус, тоа ми го направи алкохолот, ме повлече назад. Не си свеж, немаш идеи, ништо не те интересира толку, енергијата ти опаѓа. Целосно ја изгубив волјата. Сепак, здравјето и мокот живот ми ги вратија „Ѕвездите на Гранд“. Кога прв пат дојдов на натпреварот, дојдов пијан. Фала му на Бога, сега сум многу, многу подобро“ – рече тој.
Кога сфатил дека алкохолот не му носи ништо добро, решил да започне со процесот на лекување. Бил во една позната клиника, му помогнала руската медицина, психолог, но на крајот стигнал и до таканаречените алкохолни блокатори.
„Никој не ви верува дека ќе го оставите алкохолот, по процедурата секогаш се чувствувате подобро, внатре е многу убаво и се’ е супер. На крајот на денот и кога ќе завршат сите сесии, главната работа е што никој не верува во вас, а не верувате ниту вие во себе, а потоа блокаторот е главната работа што може да ја преземате“ – ќе рече Јосифовски којоткако осема го оставил алкохолот, сега е сосема друг човек.
фото: Инстаграм/alexandarjosifovski