Мегафон

На 6-ти мај: Голем „Велигденски хепенинг 2024“ пред паркот во Ѓорче Петров

На 6-ти мај: Голем „Велигденски хепенинг 2024“ пред паркот во Ѓорче Петров

На 6-ти мај (понеделник) со почеток во 18.00 часот  пред паркот во Ѓорче Петров на платото до маркетот „Тинекс“ ќе се одржи голем „Велигденски хепенинг“. Манифестација која е замислена да ги собере и сплоти сите граѓани на општината и пошироко, за заеднички да ја почувствуваат магијата на Велигденските празници, но и заедничкото дружење меѓу себе на соседите, роднините, другарите, пријателите, за убав муабет, размена на позитивна енергија, насмевки… но и одлична забава со дел од најпознатите музички ѕвезди од македонската естрада.

За оние повозрасните кои ги паметат старите добри времиња ќе настапи легендата на македонската забавна песна, единствениот Драган Мијалковски со избор од своите незборавни евергрини.

Македонската пејачка Бојана Скендеровски ќе ја збогати хепенинг  забавата со своја изведба на дел од преработените верзии на антологиските македонски песни со патриотска содржина како што е „Заветна“, но и поп нумери од нејзиниот најнов репертоар.

За помладата публика, тнејџерите, но и нивните млади родители забавата ќе ја продолжат предводниците на македонската трап сцена.

Млади ѕвезди кои важат едни од најпопуларните изведувачи на македонската поп естрада последниве години воопшто, Таско и Пајак.

Секој со свој настап и своја програма, во која  ќе им се придружи младата “ѕвезда што се раѓа“ Малена, со која ќе испеат и неколку дует песни.

Најголемата и најпозната ар ен би атракција во Македонија, дуото ДНК исто така ќе имаат свој музички перформанс, каде Панчо и Андреј со своите ултрапопуларни хитови ќе ги забавуваат присутните граѓани, кои се очекува да дојдат во голем број на овој прв „Велигденски хепенинг“ во општина Ѓорче Петров, манифестација кој се очекува во иднина да прерасне во традиционална.

За крај забавата ќе продолжи со изведба на најпознатите македонски, странски и регионални хитови и евергрини, со кои присутните со својата жива изведба ќе ги забавува една од најдобрите македонски групи, познатите кралеви на ноќните клубски свирки,  „Либеро бенд“.

Така во повеќе од два часа присутните граѓани на општина Ѓорче Петров, од најмладите до највозрасните, но и сите останати што ќе дојдат на првиот „Велигденски хепенинг 2024“ ги очекува незаборавна забава и искрено меѓусебно дружење.

 

To top