Борис Трајковски Арена оваа година ја менува улогата – од спортски темпл станува центар на најголемиот новогодишен електронски спектакл во Македонија. На 31 декември, точно напладне, стартува 17-часовен музички маратон кој ќе ја одброи Новата година во стил што го заслужува модерната електронска сцена.
Повеќе од 30 диџеи од Македонија и странство ќе се менуваат зад пултот, создавајќи континуиран бран од техно, хаус и афро звучни вибрации. Публиката ќе влезе во 2026 година со неповторлива атмосфера што повеќе наликува на европски фестивал отколку на класична новогодишна ноќ. Организаторите најавуваат целосно фестивалско искуство: штандови со храна, зона за тетовирање, штанд за гардероба и идеално осветление за долгиот музички транс кој ќе трае до 05:00 наутро.







