Мегафон балетска уметност

На 26 јули во МОБ: Гала концерт со најпопуларните балетски дела

На 26 јули во МОБ: Гала концерт со најпопуларните балетски дела

На 26 јуни oд 20 часот, на сцената на Македонската опера и балет ќе се одржи Гала балетски концерт во рамките на фестивалот Скопско лето. На концертот ќе настапат првенците, солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на НОБ, а ќе диригира Бисера Чадловска.

Концертот е во режија на Олга Панго и Дејан Прошев, концерт мајстор е Климент Тодороски, а репетитори Горан Божинов, Александра Мијалкова, Саша Евтимова, Дафина Данилоска-Кочевска, Васил Чичијашвили и Наташа Јосифовска.

На Гала балетскиот концерт ќе се играат најубавите балетски дела, како „Лебедово езеро“ од Чајковски, „Дон Кихот“ од Минкус, „Заспаната убавица“ од Чајковски, „Оревокршачка“ од Чајковски, „Рајмонда“ од Глазунов и други.

To top