Веста дека се забавуваат го изненади светот, а токму кога се навикнавме на најубавата жена на светот и ексцентричниот режисер како најслаткиот холивудски пар и почнавме да навиваме за нив да останат заедно засекогаш, тие повторно нè шокираа – овој пат со веста дека се разделиле.
Италијанската актерка Моника Белучи и американскиот режисер Тим Бартон поминаа две години заедно, но нивната љубов заврши, соопшти сега веќе поранешната двојка во заедничка изјава за медиумите.
Тие дадоа изјава за АФП во која објаснуваат дека продолжуваат да живеат одвоено. „Со големо почитување и грижа еден за друг, Моника Белучи и Тим Бартон одлучија да се разделат“, се вели во соопштението.

Врската меѓу филмската дива и еден од најпопуларните режисери во Холивуд беше потврдена во 2023 година, а Моника потоа глумеше во филмот на Бартон „Битлџус, Битлџус“, продолжението на неговиот култен филм од 1988 година „Битлџус“.
Тие се запознаа на Канскиот филмски фестивал во 2007 година, а потоа повторно се сретнаа на Филмскиот фестивал „Лумиер“ во Лион 16 години подоцна, кога започна нивната неочекувана љубов.
Првпат се појавија на црвениот тепих како пар кон крајот на 2023 година, и оттогаш се неразделни, па затоа често ги гледавме како разменуваат нежности и се гледаат со многу љубов и почит.
Покрај тоа, Бартон се чинеше дека се топи од среќа во секоја прилика што Белучи го одбра баш него, па дури беше снимен и како среќно скока по црвениот тепих.
View this post on Instagram
Минатата година, по повод 60-тиот роденден на Моника, Бартон подготви подарок за Белучи кој ги воодушеви нејзините обожаватели.
Имено, со помош на тимот на италијанското издание на списанието „Вог“, режисерот ѝ подари на филмската дива едиторијал базиран на неговите цртежи. Како што откри, ја цртал својата девојка од првиот ден од нивната љубов, а овие дела биле искористени за создавање портрети на една од најубавите жени во историјата на киното.
Foto: printscreen/instgaram







