Ова се првите видеа кои осамнаа на социјалните мрежи од пиротехничките средства од кои се претпоставува дека е настанат пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и тоа во моментот на самото настанување на истиот. Се шпекулира дека неофицијалната бројка на починати е 55, а повредини има стотици?!
Во првото видео се гледа како при настапот на групата ДНК се палат пиротехнички средства на сцената, таканаречените прскалки за кои се шпекулира дека го предизвикале пожарот.
Во второто се гледа дела делови од таванот почнуваат да горат, додека ДНК се уште настапуваат. Во третото видео се гледа како некој се обидува со апарат за гаснење да го угасне пожарот во самиот старт, а Панчо од ДНК се слуша како ги повикува присутните: „Одете надвор, одете надвор…ќе се вратиме… Одете надвор сите“!
Фото: Фејсбук/Фросина Фро/Игор Ел Падрино