Некогашната македонска ТВ водителка, а денес најпознатата скопска трендсетерка, Мелита Ракичевиќ одлучи да објави неколку кратки видеа преку кои покажа како ја украсила трпезата за Велигден, а со тоа откри и делови од својот стан.
Овие прзнични денови социјалните мрежи се преполни со велигденски јајца и декорации во домовите со кои се пофалија доста домаќинки.
И Мелита покажа колку била вредна, како ги обои велигденските јајца и како го украси домот.
@melita_mel7♬ original sound – Kardashian clips 🎬
На социјалните мрежи Инстаграм и ТикТок привлече доста внимание откако сподели како изгледаше трезата, со декорираните јајца , колачиња, торта… а обожавателите дефинитивно уживале и се инспирирале од сработеното.
„Мојот дом е мојот храм “ – го напиша таа нејзиното мислење за уредувањето.
– Уживање во дом полн со љубов, топлина и стил – додаде подоцна и на краткиот клип.
Дека Мелита овој пат доста се потрудила и создала вистинско ремек дело од домот, дефинитивно е за пофалба .
Фото: printskrin/instagram/melitameli