Поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза на кратката приказна на Инстаграм , сподели неколку нови фотографии со убав повод.
Хелена иако ја нема на ТВ екраните зашто веќе одамна живее и работи во Нов Зеланд, преку социјалните мрежи сѐ уште е актуелна во Македонија, земјата од каде што потекнува.
Таа овој пат со многу емоции соопшти дека на нејзината убавица, ќерката Кјара и се исполнил сонот и официјално станала адвокатка .
Мојата гордост, мојата паметна девојка, мојата принцеза – напиша гордата мајка на фотографијата на која позира Кјара со огромен букет и со бела перика на глава.
Хелена сподели и еден интимен момент со јавноста кој го уловила, со кој покажа дека Кјара има голема поддршка од сопругот Стефан Пауни.
– Багословена сум со нив двајцата – додаде Хелена.
Инаку, Кјара и Стефан во август оваа година без многу помпа и само пред семејствата, младите ги ставија прстените и си го кажаа судбоносното „да“ пред матичар и склучија граѓански брак.
фото: print Screen/Instagram/kjaragolja