Водителката Јована Јеремиќ го прослави роденденот на својата ќерка Леа во друштво на поранешниот сопруг Воислав Милошевиќ и сегашното момче Драган Станковиќ.
Сите заедно позираа насмеани и направија вистинска семејна фотографија.
Судејќи по нивните изрази на лицето, меѓу нив постои хармоничен однос, а Јеремиќ го опиша овој момент со зборовите:
– Семејно богатство. Мојот најголем успех, покрај редовната кариера и високото образование, се моите сопрузи и Леа. Големите жени имаат големи животи, големи семејства и се е големо – нагласи Јована Јеремиќ. Таа го заокружи моментот со песната „Срце семејно“ која ја испеа Милица Павловиќ, а која многумина ја знаат како најавна шпица на серијата „Семејно богатство“.
фото: printscreen/instgaram