Каја Остојиќ (41) која неодамна му го кажа судбоносното „да“ на својот избраник Милош Чујовиќ гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“ и во таа прилика проговори за негативните коментари за нејзиниот брак.
Како што истакна, никогаш не ја интересирало мислењето на другите и секогаш одлучувала самостојно, но се осврнувала на се поприсутниот лажен морал кај луѓето.
– Прочитав неколку коментари, а таа се омажи по четврти пат, а ова и е четврти сопруг… И за мене е неверојатно колку им е тоа важно на луѓето. И за што? Од друга страна, никој не ги коментира оние кои зад себе имаат само еден брак или се уште се во него, а изневеруваат 30 години. Некои така ја дочекуваат својата златна венчавка, но важно е тоа да биде само еден брак – рече Каја Остојиќ, додавајќи:
– Секогаш имало двојни аршини. Она што е вистина за мене не е точно за тебе. Но, да се раководев од мислењата и коментарите на другите, којзнае каде ќе бев денес.
Пејачката потоа проговори за својот сопруг кој го запознала пред 16 години.
– Се запознавме одамна, се дружевме и пиевме кафе, искрите уште тогаш летаа и се допаднавме, но бевме премногу млади и тогаш ништо не се случи меѓу нас. До неодамна, кога двајцата сфативме дека тоа е тоа – изјави атрактивната пејачка.
На прашањето на водителот Огњен Амиџиќ дали овојпат е сигурна дека бракот е доживотен, Каја потврдно одговори:
– Никогаш не можете да бидете целосно сигурни дека нешто ќе трае вечно, но можете да бидете сигурни во вашата одлука и желба да го направите тоа.
фото: printscreen/instagram/kaya_ostojic