Некогаш беше една од најпознатите македонски манекенки и најхрабри фото модели, Цеце Орешкова, сега Георгиев, денес е целосно посветена на семејството, особено по раѓањето пред повеќе од пет години на нејзината ќеркичка Кара Розмари, која ја доби од бракот со манекенот Кристијан Георгиев.
Во меѓувреме, високите потпетици, позирањето и манекенскиот „cat walk“ по модната писта речиси комплетно ги замни со нова страст…
Хиподромот, коњите и џокејството! Дали заради студиите по ветерина или обратно, сеедно, на манекнката коњите, јавањето и џокејството и станаа повеќе од пасија… Или поточно речено, новаа љубов!
Како сопственичка на коњи(чки клуб), овие четвороножни љубимци станаа нејзино секојдневие, на кое полека ја „навлекува“ и нејзината мала ќеркичка.
Длабоко навлезена во коњичките спортови и тајните на јавањето и тоа се’ повеќе како профи џокеј Цеце оди и на коњички натпревари каде освојува и награди.
А љубовта, прва или втора, стара или нова, која, каква и кон кого и да била, ако не е од душата излезена, од срце подарена и споделена, не е љубов. Особено ако не си искрена и не се сакаш себе си колку и оние кон таа љубов е безусловна.
Токму затоа Цеце Георгиев реши својата љубов да ја овековечи… Доброволно да се „жигоса“ себеси, во име на истата таа љубов и страст кон коњите. Иако не и е прв пат, зашто на своето тело веќе има тетоважи посветени на својата нова страст – коњите, сега одново почувствува потреба за уште една, нова тетоважа со посвета.
Тетоважа на која ништо не пишува,ама затоа она што тетовираниот цртеж го симболизира многу тоа кажува.
Коњите секако ги ги потковуваат, ама и сопствениците, зарем не? Само што ова потковица е вечна… Еднаш за секогаш. Ем за среќа која коњската потковица ја симболизира, ем заради неизмерната и безусловна љубов кон овие животни.
Цеце Георгиев – некогашната манекенка и модел, денес страсен љубител на коњите и јавањето и коњички џокеј со овековечена тату потковица на себе… Како ждребица која на себе го носи симболот на својот пастув!
@cecegeorgiev0♬ Astronaut In The Ocean – Masked Wolf
Фото: Инстаграм/cecegeorgiev/ТикТок/cecegeorgiev0