Се одржа големото финале на втората сезона на македонското музичко талент шоу “Пат до Ѕвездите”, кое вчеравечер во живо се емитуваше на тв “Алфа” и “Балкан Мјузик”.
Новата музичка ѕвезда, која ја доби Македонија е младиот Наум Бумбарески (15) од Ресен, кој беше буквален победник во скоро сите категории.
Победник од жирокомисија и победник од смс-гласови.
Инаку, шоуто “Пат до Ѕвездите” има тројца победници, второто место и припадна на младата и талентирана битолчанка Софија Пуровска, додека пак третото место заврши во рацете на Михаел Милошески од Прилеп.
На сцената продефилираа 10 финалисти, а секој од нив успеа да ја импресионира жирикомисијата составена од Роберт Саздов, Стојне Николова, Панчо од ДНК, Сузана Спасовска и Огнен Неделковски.
Сепак, на крајот мораше да се избере само еден од нив.
Наум Бумбарески како победник ќе добие песна, музички видеоспот, а исто така и договор со “Арт Продукција”.
Инкаку Наум е најмладиот учесник во двете сезони на “Пат до Ѕвездите”, а иако пропозициите на шоуто беа дека право на учество имаат тие над 16 години, сепак продукцијата направи отстапка и му дозволи на младото момче од Ресен да се натпреварува и да го покаже својот талент.
Како изгледаше прогласувањето на победникот погледнете во видеото:
фото: printskrin/YouTube