Мегафон забава, дружба, музика и фер игра

Младиот македонски јутјубер Вања Лајв организираше прв Јутјуб бокс меч во Македонија, а парискиот трапер Starboy му беше главен поддржувач (ВИДЕО)

Младиот македонски јутјубер Вања Лајв организираше прв Јутјуб бокс меч во Македонија, а парискиот трапер Starboy му беше главен поддржувач (ВИДЕО)

Последната недела од август во The Strongest салата Џеваир Скај во Скопје се одржа  еден необичен боксерски настан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Вања во живо (@vanjalive)

Имено, младиот 21-годишен јутјубер  Вања Лајв за прв пат организираше јутјуб бокс настан во Македонија. Десет борци – една цел, нивната рака да биде крената.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by YBM (@youtubeboxingmacedonia)

Официјален поддржувач и спонзор на овој прв боксерски јутјуб спектакл беше и Македоноцот од Париз.

Траперот со македонско потекло кој егзистира под уметничкото име Starboy и чии песни од неговиот нов албум „EuroVision“ може да се слушнат на платформата Ѕpotify (EuroVision – EP by StarBoy | Spotify) .

Тој  на сите натпреварувачи им подари и нови маички со насловницата од EuroVision.

Маичките се достапни и за сите фанови на официјалната веб-страница на Royalty Paris (Royalty Paris Luxury Brand (royaltyparisonline.com).

„Посебно ми е драго што сме дел од ваков спортски настан, бидејќи со музиката што ја правам сакам да ги мотивирам и инспирирам младите да станат најдобрата верзија од себе. Младите треба да спортуваат и да бидат активни, да слушаат квалитетна музика, да учат и усовршуваат од културен аспект. А Royalty Paris е токму тој бренд кој промовира неверојатна култура, движење и енергија. Нашата  цел е максимално да ја промовираме македонската култура, музика, уметност, спорт и сл. Да го смениме начинот на размислување на нашата нација, зашто навистина имаме многу  луѓе за чествување и почитување од различни професии. Што се однесува до нас Македонците, ние сме посупериорни од која било нација и раса и можеме да се пофалиме со многу успеси. Дека имаме квалитетна музика, уметници, дизајнери и модни брендови. Би го охрабрил VanjaLive за идното лидерство да продолжи со она што го прави, бидејќи тоа е она што го инспирира и мотивира. Сигурен сум дека направивме нешто неверојатно што досега не е видено и се надевам дека од година во година ќе биде се подобро и подобро. Да покажеме дека можеме и знаеме да правиме и шоубизнис. Сето тоа со многу добра забава, дружба и фер игра. Браво момци, обезбедивте одлични борби за уживање.

Слушајте го албумот „Евровизија“ и уживајте. Поздрав од преубавата француска ривиера“ –  порача во својот поздрав StarBoy кој наскоро во Македонија ќе има официјална промоција на новите песни и ведеоспотовите за нив.

To top