Нешто да не мачи секогаш ќе има, но кога е свое си го бараш чарето, а кога е туѓо ако не ти побараат помош, тогаш си ја гледаш својата работа… Ама нашево секојдневие за жал носи една поинаква пракса, особено за она што е туѓо, тогаш љуботитноста е на ниво, па чаре се бара дури и за она што тешко на крај памет да ти падне.
View this post on Instagram
ТВ водителката Милена Антовска Станковска веќе е препознатлива по своите долги нозе кои милува да ги разголува и покажува од стајлинзите пред камера, па едно такво нејзино издание рано наутро го стави еден гледач во загриженост и прашалници, не за тоа што облекла, туку дали и е ладно со така разголени нозе.
-Алоо Милена… Со сукња идеш, нели ти е ладно?
-Како?
-Нели ти е ладно, зима сега ли?
-Во студиото ни е многу топло.
-Ааа, па извини, ај чао!
Разговорот заврши, а утринската мака на гледачот, Милена низ насмевка брзо му ја реши.
Видеото веројатно сега за првпат го виде пејачката Антониа Гиговска, па откако се изнасмеа реши да го сподели и да ја означи Милена, чисто да се потсети ако заборавила.
Маката решена, а на крај сите среќни, задоволни и насмеани, до следниот минич или нешто којзнае што?!
фото:Instagram printscreen/ antoniagigovskaa/ milena_antovska