Пејачката Милица Ристиќ неодамна се разведе од поранешниот ватерполист Никола Раѓен, а нејзината последна објава го крена целиот Инстаграм на нозе.
Имено, се појави во досега невидено издание. На прв поглед ретко кој би ја препознал, бидејќи речиси никогаш не се појавила во слично издание.
Милица се одлучи за фустан со популарен леопард дезен. Потценување е да се каже дека фустанот повеќе откриваше отколку покриваше.
Она што го привлече вниманието на сите е тоа што пејачката под креацијата нема ниту градник, ниту долна облека, па нејзиното тело во вистинска смисла на зборот дојде до израз.
Фустанот едвај ги покриваше бујните гради на пејачката, откривајќи го нејзиното деколте и поголемиот дел од половината, додека и се врзуваше околу вратот.
Дополнително, креацијата во пределот на десната страна беше целосно подигната, така што целата десна страна и нозете дојдоа до израз. Целиот стајлинг го заокружи со долги лакирани чизми со високи потпетици.
Внимание привлече и нејзината никогаш подолга коса која овој пат допираше до колковите, а забележливо е дека и Милица ја промени фризурата, па сега има шишки.
Се чини дека оваа креација ја потсети на стајлингот на украинската пејачка Руслана, која своевремено победи на Евровизија со песната „Wild Dances“ па така Милица цитираше дел од оваа песна.
– „Just maybe I’m crazy. The world spins round and round and round.“
(Можеби сум луда, но светот сепак се врти во круг) – напишала во описот на фотографиите, или можеби тоа било и некаква порака.
фото: printscreen/instagram/_milica_ristic