Радио Милева години...

Милица Тодоровиќ ги израдува фановите со нова песна, но насловот на истата ги остави во прашалници (видео)

Милица Тодоровиќ ги израдува фановите со нова песна, но насловот на истата ги остави во прашалници (видео)

Пејачката Милица Тодоровиќ реши да ги израдува своите фанови со нова песна, која денеска ја објави  на општо воодушевување на бројните фанови.

Песната насловена „33“ која  ја здогледа светлината на денот ги освои слушателите на прва, а многумина се прашуваат зошто песната е наречена вака.

Милица реши да ја открие дилемата и да им објасни на љубителите на нејзината музика зошто го избрала името „33“.

– Ќе бидам искрена со вас, како и секогаш. Оваа песна опишува дел од моето животно патување. Со истото завршувам едно поглавје и ви ги подготвувам песните кои толку долго ги чекавте! Се надевам дека многумина од вас ќе се пронајдат во песната „33“ која ви ја подарувам од се срце! – изјави Милица Тодоровиќ.

„33“ ја потпишува докажаниот хитмејкер Драган Брајовиќ Браја, додека дел од мелодијата и аранжманите ги направи Дејан Костиќ.

Сега, според првите реакции на фановите, се чини дека песната е хит, а позитивните коментари под видеото објавено на нејзиниот канал на Јутјуб само се редат.

„Совршенство како и секогаш од Милица!“, „Брутална песна! Честитки“, „Леле! Леле! Леле! Музика, чувство, зборови, слики, кадри…. Најубавата песна на Милица…“, се само дел од впечатоците на слушателите.

Песната „33“ на Милица Тодоровиќ е придружена со добро осмислен видео запис, кој можете да го погледнете во видеото подолу:

фото:You Tube printscreen/ Milica Todorovic

To top