Пејачката Милица Павловиќ ја шокираше јавноста со своето дрско обраќање до своите соработници.
Како што може да се види на видеото што се појави на социјалната мрежа ТикТок, Милица била незадоволна за време на пробите бидејќи 17-годишен млад човек ѝ се обраќал преку мониторинг.
Поради ова, пред целиот тим, таа му се обрати на дотичниот млад човек, извесен Лука, на крајно непрофесионален начин.
– Немој да дозволуваш 17-годишно момче, кое е одлично, да разговара со мене! Едноставно не е неговото место да разговара со мене! Лука, не можеш да разговараш со мене – рече Милица.
@mix_965 #viral #foryoupage ♬ original sound – mix
Контроверзното видео предизвика бројни коментари. Некои жестоко ја критикуваа Милица, додека други рекоа дека снимката е извадена од контекст.
За потсетување, Милица Павловиќ објави документарец за нејзината неодамна завршена турнеја. Во таа пригода, таа им се заблагодари на бројните колеги со кои ја делеше сцената, но Јелена Карлеуша не беше меѓу имињата.
фото: printscreen/instagram/senoritamilica