Радио Милева „Фејк“

Милена Антовска со лажно име и презиме: Водителката пријави лажен профил со нејзиниот лик (фото)

Милена Антовска со лажно име и презиме: Водителката пријави лажен профил со нејзиниот лик (фото)

ТВ водителката Милена Антовска – Станковска  неодамна се охрабри да направи промени на себе си. Таа реши да го освежи изгледот со нова фризура, а од резултатот  беше  презадоволна.

Тогаш Милена веднаш покажа неколку кадри од трансформацијата која ја направи, откако црната боја на косата ја осветли за неколку нијанси.

Но сега нејзиниот стар изглед беше злоупотребен и искористен, а Милена веднаш реагираше споделувајќи на нејзиниот ѕид на Фејсбук,  како и на кратките приказни на Инстаграм.

Па, откако Милена  ја доживеа оваа непријатност се ужасна и ги извести фановите и следбениците дека некој  ги искористил нејзините стари фотографии со друго име и презиме.

Се со цел да се реагира брзо, водителката им сугерираше  на сите дека таа не стои позади ова нечесно дело.

Милена со големи букви напиша дека тоа е  „Фејк“, а кажа дека веќе пратила репорт на лажниот профил за да  ги спречи сторителите.

 

Досега голем дел од јавните личности со отворени профили, каде фотографиите им се лесно достапни биле вака злоупотребени, па воопшто не е реткост да ги видиме вознемирени како загрижено споделуваат за слични случаи кои навистина воопшто не се пријатни.

Фото: printskrin/instagram/facebook/milena_antovska

 

 

To top