ТВ водителката Милена Антовска Станковска сподели со следбениците на социјалните мрежи дека направила педикир со лимон.
Водителката редовно се огласува на Инстаграм па иако има две наследнички Лана Марија и Јоана таа успешно наоѓа време за себе.

Имено, Милена отишла на третман со лимон за освежување и омекнување на кожата на стапалата, а судејќи според видеото, едноставно уживала.

Вниманието и грижата за себе дефинитивно на Милена и дава поголема самодоверба за пред гледачите да изгледа како што доликува.
Моментите од ваквото задоволство таа несебично ги сподели , со цел да ги потсети и другите да се одлучат на ваков чекор се разбира доколку може тоа да си го дозволат.
Милена уште еднаш покажа дека знае и умее да ги наполни батериите со себезадоволување. Па додека едни одат во шопинг низ моловите или пак во теретана таа редовно се чести со третмани на стапалата, со нови и стари методи за нејзините уморни стапала кои секојдневно се во високи потпетици.

фото: printscreen/instagram/







