Радио Милева покажа

Милан Станковиќ се повлече од естрадата и се посвети на верата: Пејачот сега откри како се храни, објави фотографија среде ноќ (фото)

Милан Станковиќ се повлече од естрадата и се посвети на верата: Пејачот сега откри како се храни, објави фотографија среде ноќ (фото)

Пејачот Милан Станковиќ извесно време е посветен на христијанството, отиде во илегала, но последниве денови е се поактивен на својот Инстаграм профил.

Така Милан сега покажа како се храни, па ја сликаше пицата што ја нарача малку по полноќ. Инаку, Станковиќ одреден период имал вишок килограми, но успеал да симне 15 килограми и да си ја врати фигурата од претходно. Додека ја ставаше својата музичка кариера на „стендбај“, многумина се прашуваа што работи популарниот пејач за живот. Според тамошните медиуми, Милан Станковиќ развил бизнис со камиони во Чикаго, кои моментално му се главен извор на приход.

– Милан отвори транспортна компанија во Америка во март минатата година. Имал само еден камион кога го започнал бизнисот во Чикаго, но сега има десетина. Неговата компанија добро напредува, а и вработените се презадоволни – изјавил за „Република“ извор близок до пејачот пред неколку месеци.

фото: print Screen/Instgaram/milanstankovic

To top