Пејачот Милан Станковиќ веќе некое време не е во јавноста. Тој целосно се повлече од музичката сцена и се посвети на религијата и Бога, а сега ги изненади сите со нова објава.
Имено, Милан веќе подолго време не е достапен за медиумите и не се огласува на социјалните мрежи, па неговата нова објава на својот Инстаграм профил ги израдува сите.
Тој објави снимка од песната на Рада Манојловиќ и на неа додаде лепенка за круна, со што јасно стави до знаење дека таа е кралица за него.
Да потсетиме, Милан и Рада заедно се натпреваруваа во „Ѕвездите на Гранд“, кога започнаа емотивна врска која беше главна тема. Нивната љубов беше тинејџерска, а и по раскинувањето останаа во добри односи и до ден денес се многу блиски пријатели, па не чуди што Милан реши јавно да и даде поддршка на Манојловиќ.
фото: printscreen/instgaram