Публика, голема сцена, медиуми, настапи, инстантна актуелност, се’ ова не е нималку познато за актуелната Гранд ѕвезда Мики Секуловски кој и претходно го живеел филмот на талент шоуа.
Талентираниот велешанец моментално ги живее своите денови кога е музичката популарност во прашање, а се’ тоа благодарение на веќе проверениот формат за правење сезонска актуелост – „Ѕвездите на Гранд“, која може да продолжи и понатаму ако се спојат коцките од вистинскиот избор за она што следи.
Мики сега е фаворизиран повеќе е кога било, а го сака не само македонската публика, туку и пошироко во регионот.
View this post on Instagram
Токму оваа популарност на Секуловски му носи нови прилики и можности какви немал претходно. Па така, ако може женските учеснички на шоуто да имаат свои спонзори или помагатели кога изгледот е во прашање, зошто да не може тоа да го има и Мики.
View this post on Instagram
Па така, можеби вака елегантен се’ уште не сме го виделе во шоуто каде преферира некоја опуштена рок стилска варијанта, Мики стана модел на еден велешки бутик каде се фотографираше како модел на комплети костуми, од елеганни, па се до поопуштени спортско- класични комбинации.
Овој свој ангажман тој го покажа на социјалните мрежи, а следбениците и фановите му порачаа дека освен тоа што изгледа одлично, најдобриот аксесоар му е насмевката која треба да ја „носи“ почесто.
Се надеваме дека на Мики ке му се погодат сите околности овој пат, па дури и да не допре до победа, овој пат за разлика од порано да ја задржи својата популарност и да на се откаже од музиката како пред изминатите некоку години.
фото:Instagram printscreen/ mikisekulovski