Второпласираниот финалист од најновата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Мики Секуловски со голем неколку часовен настап на отворено ќе им се оддолжи на своите фанови и поддржувачи кои помогнаа тој да биде меѓу тројцата најдобри.
Настанот ќе се случи во родното Велес, па пред своите сограѓани ќе приреди вечер за паметење.
-На мое огромно задоволство ви го најавувам мојот прв концерт во рамки на Велешко Лето! Ви ветувам одлична забава во чест на огромната поддршка која ја добив од вас!
Добредојдени сте сите! – пишува и кани Мики.
View this post on Instagram
Настапот нема да помине без поддршка и од колегите и учесници во шоуто. На сцената од концертот на Мики ќе запеат и Омар Џаферовски и Андријана Петрушовска на чиј концерт во Драчево пееше и Мики, а исто така пред велешани и за Мики ќе пее и младата Лина Пејовска.
Инаку, по крајот на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ Мики е еден од најактуелните и најбарани имиња за настапи низ земјава.
View this post on Instagram
Лето е и време за пауза и одмор, ама музичките ѕвезди на Гранд сјаат во континуитет.
фото:Instagram printscreen/ mikisekulovski