Радио Милева среќна и задоволна

Миа Костова замина на уживање, па прати поздрав од соба со поглед и мирис на море: „Ништо не работам, имам среќа“ (фото)

Миа Костова замина на уживање, па прати поздрав од соба со поглед и мирис на море: „Ништо не работам, имам среќа“ (фото)

Македонската инфлуенсерка Миа Костова заедно со синот Андрија и нејзината интимна пријателка Тијана Скулиќ замина на патување за кое неодамна откри дека ќе трае околу две недели.

Нејзиниот нотес веќе  е пополнет со повеќе дестинации за летото, а Италија , Грција Турција, Санторини се само дел од планираните далечини.

Сепак, сега утринското кафе го испи покрај песочните плажи во Сплит, Хрватска, со големо уживање и во одлично расположение.

Она што привлече големо внимание кај сите до еден беше погледот од нејзината соба, а како што кажа, нејзината пријателкаи таа веќе посакуваат таму да живеат.

Подоцна следуваше и раскошната убавина од прозорецот на апартманот каде што е сместена па  несебично ја сподели и неа  со следбениците на споменатата мрежа.

– Соба со поглед  – стоеше на кратката приказна.

Миа одговори и на неколку прашања од нејзините обожаватели на социјалната мрежа Инстагарам,  каде на еден нов пак му откри на што се должат нејзините прекрасни патувања.

– Сакав да те прашам што работиш ти, што е твојата кариера ?

– Ништо не работам. Имам среќа  – јасна беше Миа која се труди да го  долови секој момент  од приватниот  живот и да го сподели со јавноста како и овој пат.

Секако  работата за неа претставува чисто задоволство кое ја прави среќна, а дека во тоа знае и да ужива покажа и сега.

Фото: printskrin/instagram/miandrija

To top